Уметнички дела на вашата облека!
Објавено на 29 мај, 2013 во 09:14
Материјалите кои наликуваат на сликарското платно се универзален хит оваа сезона. На вас е да одлучите какво ремек дело ќе носете на себе.
Модните креатори за потоплиот дел од годината се одлучија за интересни примероци од насликани материјали кои изгледаат како вистински мали уметнички дела,насликани со кист и тоа во разни техники и стилови.
Доминираат светлите,нежни бои за подлога а силните примероци со јак контраст кои го нагласуваат самиот примерок и креација но и нежни цветови или апстрактни примероци во кои е постигната нежност,мекост и женственост.