Чевли што најмногу се носеа изминатата година!

Објавено: 14 февруари, 2015, во 10:23 часот

Дека едноставните парчиња сѐ почесто се ставаат на врвно место во модата, докажува и последната информација која вели дека сандалите на Стјуарт Вајцман најмногу се носеле изминатата година.

Имено, станува збор за едноставни, елегантни сандали што можевме да ги видиме во голем број комбинации на светските трендсетерки почнувајќи од Оливија Палермо, Дајан Кругер, па сѐ до Џенифер Лопез.

Моделот „Нудист“ е само еден во неговата неверојатна колекција чевли за сите пригоди! Иако овие сандали се крајно едноставни, тие се направени од квалитетна кожа и можете да ги најдете во неколку атрактивни бои и принтови.

Токму овие чевли од палетата на Вајцман, се прогласени и за најмногу носени на црвениот ќилим на разни манифестации изминатата година.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.