Носете бисери на поинаков начин
Објавено на 16 февруари, 2015 во 10:57
Покрај дијамантите, и бисерите се помеѓу најдобрите пријатели на жените, особено на непоправливите романтичарки.
Токму неконвенционалното стилизирање на бисерите им дава една сосема нова функција. Па наместо ѓердан, сега бисерите може да ги носите и како ремен, венче, брош или шнола во коса.
Искористете ја вашата фантазија, а инспирирајте се од светските трендсетерки кои најдоа нов начин како да ги имплементираат бисерите во својот уникатен стил.