Кимоно-палто за сите типови тело
Кимоно-палтата се актуелен тренд, но и водечка тенденција за претстојната пролет-лето сезона.
Токму затоа во продолжение погледнете неколку идеи како да го искомбинирате ова парче облека во согласност со вашата градба, односно облик на тело.
Облик на тело: Песочен часовник
Ако се одлучите да облечете кимоно-палто, не значи дека истакнатата половина нема да се забележи. Фустан со ремен на половината што ќе го носите со ова палто доволно ќе ги истакне вашите физички предности.
Облик на тело: Триаголник
Долги широки панталони се парче облека што морате да го имате, затоа што ќе додаде волумен во оној дел од телото каде тој недостасува. На тој начин ќе ги избалансирате пропорциите, а кимоно палтото одлично ќе му прилега на вашиот развиен горен дел.
Облик на тело: Без облини
Ѕвонарките се уште еден тренд за овие две сезони. Широка кошула ќе ви помогне да ги прекриете недостатоците во горниот дел од телото, а кимно-палтото врз неа ќе придонесе за саканиот волумен.
Облик на тело: Јаболко
Здолниште со ремен или широки панталони до глужд визуелно ќе го намалат струкот, а високите чизми ќе го насочат вниманието кон вашите нозе. Кимоно-палтото ќе внесе уште поголема рамнотежа во изгледот.