Смокинг сако на три начини
Објавено на 19 февруари, 2015 во 08:50
Брендот „Сен Лоран“ понуди неколку верзии на женски смокинг.
Модните икони како Кејт Мос и Тилда Свинтон обожуваат да носат вечерен фрак, а Анџелина Џоли на доделувањето на наградите на BAFTA се појави во црн фрак, бела кошула и пеперутка-вратоврска со што само ја подгреа новата женска страст за машки смокинг.
Прилагодено на женската градба, оваа облека позајмена од машкиот плакар, може истовремено да изгледа секси но во секој случај атрактивно. Да, Анџелина Џоли изгледа прекрасно во вечерен смокинг, но како смокинг сакото да го прилагодите и за други пригоди?