Дополнителна нега на кожа за пушачи
Бледа и сува кожа со многу брчки ја карактеризира кожата на пушачите поради што е многу позагрозена од кожата на непушачите.
Исчистете ја кожата со масло од палма. Откако кожата ќе го впие маслото кое ќе ги намали токсините на кожата измијте ја со млака вода. Трудете се најмалку два пати неделно да направете пилинг на лицето бидејќи на тој начин на кожата ќе и обезбедите спас од мртвите клетки. Со масажа исто така ќе ја поттикнете циркулацијата.
Освен пилинг со масло од палма еднаш неделно би требало да практикувате и маска за лице која самите можете да ја направите : во врела вода ставете неколку капки етерично масло а потоа натопете крпа во мешавината на вода и масло и ставете ја на лицето околу 15 минути. После тоа ставете маска од глина која од вашата кожа ќе ги извлече отровите и ќе и ги даде сите потребни материи.