Нега на лице со коцки мраз
Мразот не служи само за разладување. Одличен е за негата на вашето лице. Ледените коцкички ја прават по сјајна и ја затегнуваат кожата, ги намалуваат перничињата под очите и црвенилата.
Затегнување на кожата
Постојат два начини како може да го направите ова: релаксирачкиот начин или да ја пикнете главата во сад со вода и мраз. Вториов начин е малку стресен за телото и не се знае како ќе реагира срцето, но ќе го затегне вашето лице и порите. За неколку секунди, ладната вода го намалува крвотокот, а со тоа се стеснуваат зголемените пори и брчките. Ако ова е премногу за вас, една коцка мраз може да помогне. Само третирајте ги проблематичните области, и инстантно ќе ви се подобри бојата на лицето.
Намалување на перничињата под очите
Иако геловите за очи ја подобруваат состојбата, вистинското будење се крие во замрзнувачот. Земете неколку коцки мраз, ставете ги во крпче и чувајте ги на очите десетина минути. Ќе ги намали утринските отоци, но и ќе изгледате свежо и будно.
Ги намалува црвенилата
Сите ги имаме оние моменти кога неконтролирано го чепкаме/стискаме лицето. Резултатот на тоа се големи, црвени мозолчиња. За брзо да се намали отокот и црвенилото, чувајте коцка мраз на местото.
Сјајна кожа
За озвежување на лицето ви е потребна само една коцка мраз. Дури и кога имате шминка на вас, после неколку часа наместо да го оптоварувате вашето лице со уште шминка, поминете со коцка мраз за сјај.