Маска од ленено семе за затегнато лице
Оваа маска за затегнување на лицето од ленено семе е за сите типови на кожа. Лененото семе содржи голем број минерали и хранливи состојки, вклучувајки и Омега 3 масните киселини, големо количество калиум, магнезиум, витамин Е, есенцијални аминокиселини. Освен за подобрување на здравјето одлично е и за ревитализирање на кожата.
Пригответе навечер пред легнување :
Врз една лажица ленено семе, во зрно или сомелено, прелијте 1/3 чаша зовриена вода, промешајте неколку минути, а потоа покријте го садот со салвета и оставете да отстои до утрото.
Нанесувањето правете го на исчистено лице со природен тоник или лосион за лице и врат. За време на нанесувањето на маската, молчете поточно не зборувајте и не се смејте. По неколку минути измијте го лицето со млака вода и нанесете хранлива крема.
Потребни се од 12 до 15 третмани кои ќе му дадат нов изглед на вашето лице.