Како правилно да го нашминкате носот
Од сите делови на лицето на кои нанесуваме шминка, носот е најчестиот проблем при изведување на техниката. Некои девојки и жени сметаат дека имаат преголем нос, други преширок, трети пак сметаат дека имаат мал нос. За среќа, шминката можете да ја искористите за да го подобрите изгледот на носот без разлика на големината и формата.
– За да го прикриете издолжениот нос, користете светли нијанси на пудра на врвот од носот, додека потемен тон на ноздрите.
– За пошироката форма на нос, визуелно да ја направите потесна, нанесете темна нијанса на сите делови, со тоа што ќе успеете да ја изедначите нијансата со останатите делови од лицето.
– За неправилните носеви секогаш помага техниката кога од почетокот на носната коска па се до врвот аплицирате потемна пудра која на некој начин ќе го визуелизира носот да биде прав.