Пет трикови за поголеми очи
Објавено: 7 март, 2015, во 10:23 часот
Доколку сакате да имате покрупни очи, тоа може да го направите во пет чекори.
Прв чекор: Извиткајте ги трепките за да ги нагласите самите очи. Нанесете маскара во неколку слоја за да го постигнете ефектот на впечатлив поглед не заборавајте да нанесете маскара и на долните трепки, за изгледот да биде целосен.
– Втор чекор: За убави очи и заводлив поглед, неопходно е да имате средени веѓи. Отстранете ги вишокот влакненца, исчешлајте ги, а празните места пополнете ги со молив за веѓи или сенка за очи.
– За покривање на подочниците и темните кругови околу очите неопходен ви е коректор. Изберете го оној кој највеќе одговара со вашиот тен.
– На долниот дел од окото, откако ќе нанесете маскара, нанесете бел молив. Така окото визуелно ќе се зголеми и ќе има контраст.
– Посакуваниот изглед треба да го комплетирате со нанесување сенка за очи. Ако имате сини очи одлучете се за нежни и слатки нијанси како што се розова, беж и виолетова. За кафени и црни очи изберетесина, беж, зелена, златна, претежно земјените бои се оние кои најдобро ги истакнуваат кафеаво-црните очи. А доколку имате зелени очи, одберете праска, виолетова, сребрена, црна нијанса, во зависност од тоа каков ефект сакате да постигнете.
