Природни маски за лице со мед
Објавено: 10 март, 2015, во 10:02 часот
Пред нанесување на маската потребно е претходно кожата убаво да се исчисти.
– Во една сирова жолчка се додава 1 супена лажица мед или глицерин па убаво се меша. Добиената смеса се нанесува на лицето и се остава 10-15 минути да делува. Се плакне со млака вода. Оваа маска се препорачува за сува кожа, за спречување на брчки.
– 100 г мед се меша со сок од 1 лимон. Добиената смеса се нанесува на лицето и се остава 10-15 минути да делува, па се плакне со студена вода. Се препорачува за сува и нормална кожа.
– 2 супени лажици брашно се мешаат со белка од јајце, па се додава 1 кафена лажичка мед. Добиената смеса во облик на тесто се нанесува на лицето и се остава да делува 10-15 минути. Се плакне со млака вода. Оваа маска се препорачува за спречување на брчките кај сува и нормална кожа.
