Пердуви за во коса
Пердувите како украс во косата ги прифатија многу ѕвезди меѓу кои и Beyonce, Hillary Duff, Miley Cyrus, Jessica Biel, Jennifer Love Hewitt, Selena Gomez и Steven Tyler. Ако сакате да бидете уникатни и да ги привлечите погледите каде и да се појавите, испробајте го овој нов тренд.
Овие необични украси за коса не бараат посебна грижа. Можете да ги миете и негувате со шампонот и четката што ја користите за негување на вашата коса.
Уметаците за коса од пердуви може да се мијат, сушат, фенираат и да се пеглаат исто како и вашата коса. Освем во фризерските салони пердувите може да ги купете во онлајн продавници. Овие уметаци може да ги закачите сами и да ги комбинирате во зависнот од вашата фризура и боја на коса.
Косата со вметнати пердуви може да ја соберете во коњски реп или да направите пунџа. Така вашата фризура ќе биде уникатна.