Класичен изглед со масивен накит
Оваа сезона трендовите на накитот сосема се засноваат на модните фундаменти, со нагласок на големината. Ѓерданите, белезиците и обетките обликувани со додатоци како бисери и кристали го даваат завршниот допир на секој моден став.
Рачно изработените модни додатоци обезбедуваат уникатност па ја имаат моќта да го трансформираат дури и наједноставниот изглед. Крупни, елегантни или тренди – сè е актуелно, без разлика дали е вистински или најчесто бижутерија.
Големите и крупни белезици се еден од најжешките трендови во накитот за оваа сезона. Масивни, сјајни, честопати со големи камења, тие ја прават приказната особено впечатлива.
Коктел-прстените се втори на листата за задолжителни парчиња за оваа сезона.
Долгите обетки со камења или предимензионираните парчиња, тие се оние кои претендираат на тронот. За помалку храбрите тука се прстеновидните обетки во сите димензии кои се секогаш модна основа.