Време е за избелување на лакти
Кога размислуваме за убавината и негата на кожата, најчесто ги забораваме лактите. Оттаму не е чудно што многумина имаат суви, груби и темни лакти.
Прво правило за убава кожа на лактите е редовен пилинг. Можете како пилинг да користите камен, но исто така и морска сол измешана со маслиново масло. Оваа смеса се втрива во лактите , се остава да делува десетина минути и се мие. После овој пилинг кожата треба да се намачка со мрсен крем, па дури и вазелин. Пробајте ги и другите проверени средства како што се маст од невен или бадемово масло.
– За избелување на лактите, не заборавајте го лимонот. Лактите се тријат со кора од лимон, а потоа се мачкаат со крем.
– Ви предлагаме една маска за избелување која прави чуда: измешајте сок од 3 лимони со една чаша млеко. Додадете толку вода колку да се добие густа каша. Нанесете ја на лактите, покријте ја со најлон и завој и оставете ја да делува 20 минути. Отстранете ја со груба крпа.
– Или, измешајте млако маслиново масло со лимон.
– За избелување на лактите, не заборавајте го лимонот. Лактите се тријат со кора од лимон, а потоа се мачкаат со крем.мали чинии и во таа смеса се држат лактите 10 тина минути.
-Темната кожа на лактите можете да ја избелите и со смеса од јогурт и пудер за бебиња. Се мешаат и се става на лактите.
Важно е да запомните дека е потребно да бидете упорни, а не тоа да го направите само еднаш или два пати. Сепак, доколку и после 10-тина дена со ваква нега не приметите подобрување на лактите, секако посетете го дерматологот. Во најлош случај тоа може да биде прв симптом за егзем на пример, што бара препрарати кои се издаваат на рецепт.