Сламените торби – хит летово
Објавено на 3 јули, 2015 во 15:17
Во претстојното лето се враќа модата од 70-тите.
Број еден се плетените торби од слама. Нив во модната сезона 2015 ќе посака да ги има секоја млада девојка и дама. Се очекува овие торби да станат хит ова лето. Тие се олицетворение на топлата сезона. Тие се кул и тренди, но и интригентни, супер сестрани, може да бидат дизајнирани во тонови и тонови на стилови (големи, мали, ташни, за плажа, за работа…).
Торбата од слама може да биде кежуал бохо стил, може да се стилизира со милион начини и изгледа одлично кога ќе се спои со било каква облека.