Негувајте ја косата со природни регенератори
Во летните денови регенераторите ја штитат косата од штетните надворешни влијанија, затоа најдобро е да користите природни регенератори кои можете да ги направите сами.
Авокадо – можете да го измешате со маслиново масло и да доадете неколку капки етерично масло од лаванда или рузмарин. Нанесете ја косата и оставете да стои 10 минути, а потоа измијте ја со млака вода.
Јајца – изматете ги белките на од јајцата и ставете една лажица маслиново масло. Додаете малку вода и смесата вмасирајте ја на главата, а потоа измијте ја со млака вода.
Зелен чај – во зовриена вода ставете неколку филтри зелен чај, оставете да се олади добро. Измијте ја косата со чајот и оставете да стои така 3 минути, а потоа исплакнете ја со ладна вода.
Мед – измешајте мед и вода, нанесете го на косата, а потоа добро измијте ја со топла вода. Исто така можете да измешате банана и мед да ја нанесете смесата на мокра коса и да оставите да стои 30 минути, а потоа добро да ја исплакнете со млака вода.