Практични летни фустани

Објавено: 22 јули, 2015, во 10:19 часот

Колку потопло станува толку помалку сакате да носите рестриктивни алишта. Ви треба нешто кое ќе го облечете за една секунда и ќе бидете подготвени да излезете.

Совршениот летен фустан треба да и одговара на вашата фигура и да биде лесен. Со материјал кој ќе биде доволно пријатен и тенок за да можете да го носите и во најтоплиот ден. Треба да биде доволно лежерен за да го носите преку ден додека пиете кафе (или пиво) со пријатели, но и пригоден за излезете дотерани навечер со мало менување на модните додатоци.

Одберете го вашиот омилен дизајн и носете го се додека не ги скинете прерамките.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.