Која е врската помеѓу начинот на спиење и појава на брчки?
Квалитетот на сонот е важен за здравјето и убавината. 7 до 8 часа спиење е потребно за одмор и регенерација на кожата.
Иако се чини дека изгледа здраво и убаво, сонот може да и наштети на кожата. Всушност, начинот на кој спиете може да предизвика појава на линии и брчки, а кожата може да стане лабава.
За кожата е најлошо да се спие на страна и стомакот, бидејќи истите движења секоја вечер “го гужваат” лицето, и така лесно се предизвикува појава на брчки. Со таквото спиење брчки се јавуваат околу очите, носот, усните и на градите.
За да се избегне појавата на брчки, додека спиете треба да научете да спиете на грб. Обидете се барем секоја ноќ да заспиете на грб. Покрај тоа, се препорачува да спиете на сатенски или свилени перници, бидејќи кожата на таквите материјали едноставно “се лизга”, додека памукот “ја гужва “.