Сламените шешири и чанти се враќаат на модната сцена

Објавено: 18 август, 2015, во 11:58 часот

Тие се најголем хит за ова лето. Можат да се искомбинираат со најразлични модни парчиња, бидејќи се во неутрална боја. Сламените шешири и чанти се совршени за на плажа! Постојат многу стилови, а кој и да го одберете нема да погрешите, бидејќи тие се секогаш совршен избор за да го „зачините“ летниот изглед.

Дизајнерите оваа сезона ни предлагаат разновидни стилови, во беж, неутрални бои, силни бои, но и во потемни како црна и тегет. За деновите на плажа одберете голема чанта од слама каде што ќе можете да го спакувате сето она што ви е потребно – масло, крем за сончање, пешкир, омилената книга.

За вечерни излегувања може да одберете плик чанта од слама која изгледа неодоливо. Значи, кога ќе изберете фустан за вашето излегување, надополнете го со вашата омилена модерна чанта од слама и уживајте во долгите и топли денови и ноќи.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.