Истакнете ја убавината на своите очи

Објавено: 26 август, 2015, во 07:10 часот

За очи кои привлекуваат погледи потребно е навистина многу малку:да ја истакнете нивната боја со сенка со нијанса која одговара на нив и малку да ги „отворите“  со мали и едноставни трикови.

Еве ги петте наједноставни и најкорисни совети на шминкерите како на најдобар начин да ја истакнете убавината на вашите очи.

1. Плавите очи најубаво ги истакнува кафеава,беж или сребрена сенка,но не заедно.

2.Заради контраст на бои,кафеавите очи можат да дојдат до израз  со малку златна сенка,сенка со боја на кожа и сини нијанси на сенка.

3.Познатите шминкери сугерираат дека користењето на виолетова,сина,сребрена и розева сенка навистина ги нагласува зелените очи.

4.Малите очи ќе делуваат поголеми ако повлечете линија со туш од средината на горниот капак до надворешниот агол на окото.

5. Ако очите ви делуваат малку уморено,обидете се да го вратите сјајот на погледот така што ќе извлечете линија со молив во боја на праска или беж долж линијата на долниот капак.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.