Брза маска од компир

Објавено: 14 октомври, 2015, во 08:13 часот

Ако немате многу време а сакате на брзина да го исчистите лицето,ви ја предлагаме оваа брза маска.

За да ја направите оваа едноставна маска потребни ви се два производи кои сигурно ги имате дома.- компир и маслиново масло. Сварете го компирот во лушпа,излупете го и изгмечете го добро.

На масата додадете неколку капки маслиново масло и млаката маска нанесете ја на лицето,вратот и деколтето. Оставете да делува половина час,додека не се исуши. Исчистете и лицето измијте го со млака вода. Оваа маска е одлична против акни,мозолчиња и летно црвенило.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.