Marina Rinaldi кампања за есен/зима 2014/15
Објавено: 26 ноември, 2014, во 11:03 часот
Модниот бренд Marina Rinaldi и оваа сезона останува верен на својот препознатлив моден акцент.
Нивната колекција за есен/зима 2014/15 наменета е за самоуверените жени кои добро се чувствуваат во својата кожа и го сакаат тоа што се жени. Елеганција,женственост и префинетост се видливи на секое парче од оваа колекција.
Уште еден огромен плус за познатиот бренд е и тоа што за новата колекција се ангажирани четири млади и талентирани студенти на мода и дизајн од Salford University од Manchester и кои на колекцијата и дадоа нова свежина и младешка нота.
