Морате ли да гладувате за да ослабете?

Објавено на 17 мај, 2013 во 07:30

Многу луѓе имаат тенденција да го прескокнат оброкот и да гладуваат за на брз начин да изгубат на тежина. Меѓутоа тоа е многу лошо за вашето тело.

Прочитајте што му прават брзите диети на вашето тело.

1.Го доведуваат во ризична состојба на развој со пореметување во исхраната.

2.Го ослабуваат имунолошкиот систем.

3.Се чувствувате полошо.

4.Вашето тело не само што ќе ги изгуби мастите туку ќе ги изгуби и мускулите и маснотиите а тоа го става телото во ризик од болки во мускулите, грчеви, фрактури на коските и др.

5. Губењето на мускулите ви дава анорексичен а не убав изглед.

6. Забавен метаболизам – кога вашата диета ги ограничува количините на калории кои вашето тело ги конзумира тоа автоматски ќе се прилагоди за да заштеди енергија. Ако престанете да конзумирате храна и гладувате за да изгубете на тежина, вашиот метаболизам ќе успори. Иако можете да изгубите на тежина исто така ризикувате нагло да се здебелите тогаш кога повторно ќе почнете да внесувате нормална количина на калории во организмот.

7. Промени во расположението – недостатокот на адекватно внесување на калории може да резултира со ниско ниво на шеќер во крвта и општ недостаток на енергија. Многу луѓе доживуваат чувства на нервоза и поспаност а на долги патеки недостаток на нормално внесување на храна исто така може да доведе до разни болести.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.