Рукола – мала ризница на здравјето!

Објавено на 4 јуни, 2013 во 09:10

Како салата но и додаток на супите и чорбите, руколата се користи во бројни светски кујни. Покрај препознатливиот вкус,се смета за одличен антиоксиданс а се одликува со бројни лековити својства.

Содржи активни состојки кои имаат антиканцерогени својства,позитивно влијае на здравјето и го намалува ризикот од многу болести. Руколата е особено значајна во превенција на рак на дојката.

Како медикамент

Ова растение има бројни лековити својства. Стручњаците истакнуваат дека руколата го чува срцето,го намалува ризикот од многу болести и содржи материи кои имаат анти канцерогени својства. Се смета за природен антибиотик,го регулира варењето,се користи за лечење на чир,остеопороза,хроничен затвор,настинка и кашлање. Освен тоа руколата ја чисти крвта,го забрзува лечењето на болестите на црниот дроб и го намалува ризикот од рак на дојка. Без обѕир на тоа што има специфичен вкус најдобро е да се јаде пресна,во салата иако ги задржува лековитите својства и при варење.

Пролетта е време за рукола

Руколата на пазарите  е присутна од мај до октомври а нејзината темнозелена боја на лисјата покажува на тоа дека е свежо набрана. Најдобро е да се искористи веднаш после набавката бидејќи со стоење ги губи хранливите состојки,особено витамин Ц. Чувајте ја во фрижидер,во херметички затворен сад,најдолго три дена.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.