„Портретите на Рацин“ на академскиот сликар Ангел Петров на изложба во Сплит

Објавено на 10 декември, 2018 во 23:26

AngelsoRacin naslovna

Во просториите на хрватското друштво „ЛОРА” од Сплит, Хрватска, денеска 11 декември,  ќе биде отворена 48 Самостојна ликовна изложба на академскиот сликар Ангел Петров. Поставката ги содржи 20 портрети на Кочо Солев Рацин изработени во техника масло и пастел. Изложбата се совпаѓа со годината во која се одбележуваат два значајни јубилеи поточно 110 години од раѓањето и 75 години од смртта на Рацин.

Чествувањето на Рацин во Сплит ќе биде проследено и со други културни манифестации.

Градот Сплит бил најомилениот хрватски град на Кочо Рацин,во кој често престојувал, што преставуваше посебен поттик за академскиот сликар Ангел Петров преку изложбата за миг повторно да го пренесе Рацин во Сплит.

PortretiRacin1

Изложбата во Сплит од името на авторот Ангел Петров ќе ја отвори неговата внука Ангела Донева за потоа да следат други културни содржини.

PortretiRacin2

Организатори на изложбата се Mакедонското Здружение „Македонија” од Сплит, Општина Велес и Фондација “Ангел Петров”од Велес./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.