Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

За вечните љубовни дилеми и страданија, за љубовта која не прави да постоиме, да живееме, да се радуваме бидејќи од љубов се раѓаме и за љубов умираме пишува во својата прва стихозбирка „Недопрена“ поетесата Гордана Б. Николовска. Таа со вешто и прецизно одбрани зборови ги опева љубовните човечки чувства, посветени им се на вљубените  и ги храбрат одљубените дека на нивниот пат ќе има само добри луѓе подготвени да љубат. Сите стихови во „Недопрена“, меѓу кои првите се посветени на синот, Николовска ги напиша за триесет денови.

„Oваа стихозбирка е многу емотивна, поседува елегија и лирика, што мене ме напои со жар и љубов. Додека ги читав песните на Николовска чувствував трпки по телото  исто чувство ми се појави како кога го читам Жак Превер.  Значи и Македонија има поет со кој може да се гордее. И навистина ми е драго што во светот на препознатливите, на талентираните, на уметниците, на писателите на голема врата влегува нашата Горде. Ти посакувам оваа твоја стихозбирка да биде еден мал чекор на тоа што допрва следува. Но, ова е многу голем чекор кој ја покажува силата на еден човечки карактер на отворено, искрено од душата создадени стихови и ставени на дланка. Тоа се разбирливи стихови кои ве носат во нејзина близина, до нејзиното срце,“ рече  промоторката  Гордана Такец.

Поетесата со стиховите во „Недопрена“ допира до најдалечната точка на човечката емоција. Особено до луѓето кои љубеле, биле отфрлени, биле маргинализирани во својата тивка потајна љубов кон некого кому ништо не му признале или биле многу пати повредувани.

„ Оваа стихозбирка фасцинира. Токму затоа мислам дека треба да ја има секој возрасен, зрел човек кој ги минел сите фази на љубовта но и оние кои допрва ќе минат низ сите патишествија и низ сите тестови на кои не става љубовта. Без разлика дали сме млади или повозрасни. Сакам да му порачам на вашиот град, да ја искористи оваа млада дама со сите нејзини интелектуални капацитети, потенцијали и квалитети како еден од малкуте амбасадори што ќе ја шират културата во земјата и светот. Неа ќе и посакам ова да биде првата скала од облакодерот кои и претстои,“ рече промоторката Сузана Турунџиева.

Авторката, промоцијата на книгата „Недопрена“ во Велес, ја започна со емотивно обраќање. Таа ги сподели своите чувства со гостите говорејќи ги своите стихови.

„Оваа стихозбирка им ја посветив на сите кои љубеле, љубат и ќе љубат. Оние кои што ја изгубиле љубовта, оние кои ќе ја најдат љубовта, ќе возобноват стара љубов затоа што надежта е таа што треба да ги води сите. Човекот никогаш не смее да изгуби надеж ни за своите сонови ниту за своите мисли. Едноставно треба да им се препушти,“ рече Николовска.

На промоцијата се продадоа првите примероци од стихозбирката „Недопрена“. Авторката дел од сретставата од продажбата му ги намени на велешанецот Винко Симитчиев, на осамениот сограѓанин кој болеста и сиромаштијата го затворија во четирите ѕида на неговиот дом.

Сега лично од Николовска а потоа љубителите на поезијата книгата ќе можат да ја купат во продажната мрежа на „Табернакул“ и во други книжарници во државата./У.Ј

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново