Промовирана најновата стихозбирка на Соња Теировска Ѓурчак

Објавено на 5 март, 2016 во 15:39

Со стихови нанижани едни по други во кои со голема љубов раскажува за ссвојот роден крај, поетесата Соња Теировска Ѓурчак , пред велешката публика ја промовираше својата најнова стихозбирка „Поетска плетенка“. Иако четириесет и три години живее во Германија, Ѓурчак со невидена леснотија раскажува за својата младост, природата и љубовта, вели промоторот на стихозбирката Божидар Јовиќ.

„Во збирката се раскажуваат и многу роднокрајни загонетки како камен темелник на својата древна традиција , на своето постоење, на своето живеење. Јас се радувам што една таква збирка се создава на овој простор од една поетеса која ѓивее во друга земја. Тоа е благодет да се создаде за својата татковина. И не само што е естетско туку е и етичко воспитно четиво за младите генерации“, рече Јовиќ.

„Мотивот да ја напишам стихозбирката е едноставно љубов во животот и таа љубов мора да се пренесе на една бела хартија да остане и да биде запечатена со љубов. Некои песни многу брзо одат и многу сум задоволна, тоа се секунди и мисли кои летаат низ главата и брзо морам да ги запишам. Четириесет и три години живеам во Германија , но исто толку време се чувствувам како да сум нон стоп во Македонија. Со мислите сум секогаш овде“, рече Ѓурчак.

По стихозбирките „Солза и љубов“ и „Афоризми, љубов, живот и среќа“, ова е трета стихозбирка на поетесата Соња Теировска Ѓурчак./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.