Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

По истражувањата во мај годинава, археолози на Народниот музеј во Велес, повторно се во локалитетот велешко Кале. Тие есенва продолжуваат со работа на просторот на кој постоел средновековен град и имаат цел да доистражат како се развивал. Ископувањата се завршени во седумдесет отсто од вкупната површина на Акрополата и во делот на објектот за кој се претпоставува дека е Некропола. Станува збор за горниот дел на тогашната населба од каде започнал да се развива стариот град.

- Претходни информации говорат дека станува збор за хеленистичка населба што првично зафаќала површина од три хектари за потоа да се развие во доцна античка населба. Оваа античка населба имала големи одбрамбени ѕидови што во средновековниот период биле зајакнати и повторно искористени, имајќи во предвид за каков немирен период станува збор , рече виш кустос археолог Анита Василкова Мидоска.

По завршувањето на археолошките ископувања на велешко Кале ќе следи процес на конзервација. Овој археолошки локалитет е предизвик и за локалната власт која смета дека како историска вредност на градот, штом завршат истражувањата, ќе може да се промовира и да се отвори за јавност.

-Очигледно е дека овој локалитет има историска важност за градот. Финансиски го помогнавме археолошкото истражување со цел да дознаеме што се постоело на почетна површина од три хектари а потоа се ширело и особено какво е значењето за Велес. Кога работите ќе завршат планираме да поставиме патокази кои ќе овозможат локалитетот да биде посетуван од граѓаните на Велес и од туристите, рече градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.

Археолошките истражувања на велешко Кале се реализираат и со финансиска поддршка на Министерството за култура./У.Ј

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново