Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Од стихови на триесет и седум поети од Велес се состои најновиот зборник „Велешки поетски пулсирања“ во издаваштво на клубот на издавачи Коста Солев Рацин. Тој вчера беше промовиран пред велешката читателска публика во ликовниот салон. Освен на членовите на клубот, во зборникот се наоѓаат песни и на младите поети од Велес, веќе докажани и наградувани во областа на поезијата.

- Горди сме на ова што го работиме и се надеваме дека како традиција ќе продолжи и понатаму затоа што претставува еден своевиден запис на творештвото, на културата во областа на поезијата на нашиот град. Имаме членови кои што потекнуваат од град Велес но живеат во дијаспората Тоа се Соња Теировска Ѓурчик, Ицо Најдовски Перин кој живее во Австралија, Нове Младеновски од Австралија и Вера Самарјанин која живее во Италија, рече претседателката на клубот на писатели Коста Солев Рацин, Лила Арсова.

Особено горди сме на нашите средношколци кои покажуваат голема љубов кон пишаниот збор, вели Арсова. Тие веќе се докажани поети со многубројни републички, државни и меѓународни награди и признанија. Членовите на клубот постојано им даваат шанса, учествувајќи на разни поетски конкурси и манифестации.

- Гледаме да учествуваат на колку што е можен поголем број на конкурси, меѓународни, државни и републички. Никогаш не ги изоставуваме од нашите активности . Секогаш се добредојдени и секогаш ги вклучуваме кога имаат време и желба да соработуваат со нас. Ги посетуваме средните училишта со поетски каравани, организираме конкурси и манифестации на кои што тие можат да земат свое учество, рече Арсова.

Зборникот „Велешки поетски пулсирања“ се издава трета година по ред./Д.С

 

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново