„Сопство“ – изложба на ликовната уметничка Симона Манчева во Кавадарци

Објавено на 27 февруари, 2020 во 08:31

IzlozbaKVSimona fin

Самостојната изложба на ликовната уметница Симона Манчева од Кавадарци е насловена како “Сопство“. Симона Манчева е родена 1989 во Кавадарци. Уметничката е дипломец на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2011 година и магистрант во 2013 година на одделот сликарство.

За својата уметност Симона Манчева меѓу другото вели: “Моите уметнички интереси се базираат на согледување на фиктивната реалност и уште пофиктивниот морал во општествата. Преку своите истражувања се обидувам да ги прикажам и разнишам нашите стегнати предрасуди и стереотипи кои ги зајакнуваат границите на нашата слобода, истовремено и да се развие свесноста на луѓето за остварување на своите права и задоволување на своите потреби…“

Изложбата ќе биде отворена во понеделник, на 2 март 2020, со почеток од 19 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци и е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија./У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.