Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

DobitniciRacinovopriznanie fin

20.05.2020

Годинешни добитници на наградата Почесното Рациново признание за 2020 година се проф. д-р Виктор Фридман од Чикаго, САД и проф. д-р Јоуко Сакари Линдстет од Хелсинки, Финска.

Проф. д-р Фридман е познат светски лингвист, македонист и славист, редовен професор по славистика и балканистика на Универзитетот во Чикаго и афирматор на македонскиот јазик, лингвистика и македонистика во целина, како во САД, така и во светот.

Проф. д-р Линдстет е професор по филологија на Универзитетот во Хелсинки од 1986 година, учесник во проектот „Денешната лингвистичка мапа на западниот дел од регионот Виа Игнација”, раководител и главен истражувач на значајниот проект „Кониковско евангелие” и на многу други проекти.

Организацискиот одбор на 57. издание на Рациновите средби, во состав, Аце Коцевски, градоначалник на Општина Велес, претседател и членовите проф. д-р Кристина Николовска, проф. д-р Људмил Спасов, проф. д-р Гоце Ристовски и Стефани Андреевска, дипл. професор по македонски јазик и книжевност, одлучи признанието да се додели на овогодинечните добитници во знак на благодарност за афирмацијата на македонскиот јазик и македонската лингвистика во многу земји во светот.

„Научните истражувања и на двајцата добитници покажуваат дека македонскиот јазик и неговите дијалекти се афирмираат во светските научни центри, односно македонскиот јазик се афирмира како посебен јазик и претставува предмет на исклучително научно интересирање поради својата поврзаност со балканските јужжнословенски и несловенски јазици” истакна Коцевски.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново