Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

IzvidniciGushev fin

Сто и педесет извидници, од Македонија и соседна Република Србија, изминатиов викенд учествуваа во извидничкиот центар во село Голозинци на 34-те Средби на извидници „Велес 2019“ со кои Извидничкиот одред “Димитар Влахов” одбележа 67 години постоење на одредот и 70 години извидништво. Средбите имаа меѓународен и натпреварувачки карактер од областите ориентацијата и топографија, сигнализација и игра како метод на работа во традиционалниот скаутизам.

IzvidniciPobednici

Патролата Архитект на ИО “Скаут“ од Куманово го освои првото место, Копачи + Стефан на ИПО “Јадран “ од Скопје второто и Орион на ИО “Краљ Петар I “ од Ниш третото место во категоријата Истражувачи/Ровери додека патролата Ние четворица на ИО “Армонија“ од Виница беше прва, патролата “Неаме име“ на ИПО “Јадран“ од Скопје го освои второто и на трето место се пласираше патролата Загубените на ИО “Еквинокс“ од Штип во натпреварувањето во категоријата Извидници.

- Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ како организиатор на 34те Средби на извидници сака да изрази голема благодарност до нашиот братски одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш за нивната пожртвуваност и професионален пристап кон натпреварувачкиот дел на средбите, со што нивната патрола МИЈА 21 беше најдобра и со надобро изработени и оценети материјали во целокупниот пласман на средбите, но поради старосна граница на дел од членовите на патрола МИЈА 21 мораше да биде вон конкуренција, рече Ангелче Гушев старешина на Извидничкиот одред „Димитар Влахов“.

IzvidniciPobednici1

Велешките Извидници, во изминатите 44 години организираа вкупно триесет и четири Средби  од кои последните деветнесет од меѓународен карактер. На последните учествуваа извидници од одредите “Браќа Миладиновци“, ИПО “Јадран“, ИПО “Галеб“ и ИПО “Сидро“ од Скопје, „ПСИО“ од Куманово, “Скаут“ од Прилеп, “Феникс“, од Штип “Еквинокс“и “Молика“ од Битола, “Ластовица од Кочани , “НН-Борче“ од Крива Паланка и “Армонија“ од Виница како и гостите од Република Србија, од Ниш, одредите „Мија Станимировиќ“ и “Краљ Петар “. /У.Ј

peskaravel

deltaprom

malina

babuna1

Поврзани вести

Kozuvcanka NG 300x250 Duma

veles2

gradsko1

caska

JPVLISICE

romantik1

jkpsvetinikole

crvenkrst2

vmro

biblioteka

fokus1

teatar

sekerce

gradinka

macaovcarova

konsalting

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

Најново