Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Gradskolicasoposebnipotrebi naslovna

Со цел да им покаже дека се подеднакво важни како и останатите граѓани и во исто време да им помогне со тоа што ќе ги направи пристапни за нивните потреби најфрекфентните места, Општина Градско, изработува проектна документација за пристапност до јавно прометните површини и објектите како што се зградата на поштата, новата канцеларија за социјални работи и до други установи како и прилагодување на тротоарите, тоалетите и вториот кат на основното училиште. Проектната документација ќе треба да овозможи реализација на предвидените активности во текот на календарската година.

Besovski fin fin

- Клучен проект од областа на социјалната заштита е изработката на Стратегијата за лица со инвалидност „ЛАПЛИ“ поточно Локален акциски план за лицата со инвалидност. Овој стратешки документ ќе ги нотира приоритетните потреби во сите области на овие наши жители, ќе утврди начин на кој тие ќе се реализираат, ќе ги означи роковите и носителите на активности. Овој документ ќе ни помогне да аплицираме пред маѓународните и домашните донатори за реализирање на приоритетните проекти за лицата со инвалидност во период од 5 години, рече градоначалникот Роберт Бешовски.

Општината соработува со граѓанскиот сектор.

Така со Здружението за лица со посебни потреби Надеж од Градско, помогнати од фирма, заедно организираа екскурзија за лицата со посебни потреби како и посета на Винаријата „Стоби“.

Gradskolicasoposebnipotrebi2

Според градоначалникот социјалната е тесно поврзана со здравствената заштита на населението каде исто така општината вложувала максимални напори за да го подобри квалитетот на здравствените услуги. Како пример го посочи селото Виничани во кое се реконструира здравствената амбуланта./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново