Се гради скејт парк во Кавадарци

Објавено на 27 декември, 2019 во 15:34

80271918 2601727766717935 4742033903584280576 nСогласно проектот „Скејт паркот“ на спортскиот центар „Јасмин“ ги добива вистинските контури.

Скејт паркот ќа располага со 6 елементи и тоа: рампа, централен комбиниран елемен, и две различни Кутии за стругање. Од реквизитите ќе има Четвртина цевка,како и Права шина профил, информираат од општината.

Веќе е вградена  подземната нисконапонска инсталација од системот за јавно улично осветлување, а ќе се  постави и урбана опрема, клупи за одмор и корпи за отпадоци.

Деновиве ангажираната оператива изврши бетонирање на целата површина од 770 квадратни метри што ќе биде плато за рекреација и забава на младите „скејтери“ од Кавадарци и околината. /А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.