Kaвадарчани преку флаери се едуцираат за заштита од корона вирус

Објавено на 28 јули, 2020 во 09:01
flaeriВчера вечер на целата територија на Општина Кавадарци беше реализирана акција за делење едукативни флаери за заштита од Ковид 19.
Во акцијата учествуваа 5 групи кои беа составени од Градоначалникот Митко Јанчев и сите се членови на Општинскиот кризен штаб, инспектори и вработени во јавните институции. Беа поделени над 1500 едукативни флаери.

 
116433106 2796163647274345 6052513183402192442 nОва е само една од превентивните мерки кои вчера беа донесени на Општинскиот кризен штаб на Општина Кавадарци. Во Кавадарци се зголемува бројот на новозаболени од Ковид 19. Во вчерашниот ден се регистрирани 10 лица, дел од нив се млади, и според направените тестирања се очекува бројот да расте./А.Д
 
 
 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.