Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

gradinka rosomanСе прошири капацитетот и на детската градинка „Праскичка“ во Росоман. Сега ќе може да бидат згрижени сите деца кои досега чекаа прием во градинка.

Денеска заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар, градоначалникот на Општина Росоман Бранко Јанев и извршната директорка на Фондацијата Отворено Општество Македонија Фани Каранфилова-Пановска,  присуствуваа на отворање на објект за згрижување и воспитание на децата во Општина Росоман. Објектот којшто е дел од ЈОУГД “Праскичка” од темел е реновиран со поддршка од Фондацијата отворено општество Македонија, средства од Министерството за труд и социјална политика и Општина Росоман.

Просторот е наменет за хетерогена група на возраст од шест месеци до две години и со него се намалува бројот на деца коишто се на листа на чекање.

„Нашата цел како Влада е што поголем број деца до 6 годишна возраст да се опфатат во предучилишното образование, бидејќи раниот развој е најважен за понатамошниот развој на децата. Продолжуваме да инвестираме во детската заштита, посебно во другите градови и руралните места низ Северна Македонија бидејќи инвестицијата во квалитетно предучилишно образование значи инвестиција во човечки капитал и води до напредок на државата”, рече Бајрактар.

Фани Каранфилова-Пановска, извршна директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија истакна дека со оваа инвестиција ФООМ инвестира во иднината на државата.

“Инвестирањето во раниот детски развој е основа на која се гради едно отворено општество. Раните години од детскиот развој нудат единствена можност да се создадат образовани, успешни, свесни и активни идни генерации кои ќе придонесат кон градењето просперитетно општество. Обезбедувањето квалитетните услови за ран детски развој создава еднакви можности за сите деца и им овозможува во целост да си ги искористат своите потенцијали.

Фондацијата Отворено општество – Македонија продолжува и понатаму да ги поддржува Владата на Република Северна Македонија и општините во нивните напори да овозможат што поголеми шанси за подобар раст и развој на што повеќе дечиња”, изјави Фани Каранфилова-Пановска.

Министертвото за труд и социјална политика продолжува да инвестира во детската заштита со тоа што ги подобрува условите за престој и воспитување на децата, но ги јакнеме и професионалните компетенции на воспитувачите. Со последното зголемување на платите, кај вработените во градинките платите се зголемија за 21%. За две и пол години МТСП има инвестирано во изградба, опремување и реконструкција и опремување на вкупно 31 објект за детска заштита. Во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти.

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .