Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Ilindenskapopravka fin

Ноќва, среда 24 јули, од 22 часот до утре, четврток 25, до 05 часот нема да се одвива сообраќај по улицата Илинденска и мостот Гемиџии во Велес. Забраната е поради замена на постоечката со нова атмосферска решетка, нова рамка и ново бетонирање на коловозот на спојувањето на улицата Илинденска со мост Гемиџии за да се подобрат условите во одвивањето на сообраќајот.

Ilindenskapopravka2 fin

Освен Општината, ноќеска, таму ќе работат и работници на ЈП Македонски железници - Инфраструктура. Тие во центарот на Велес, на овој дел на железничката пруга Скопје - Гевгелија ќе вршат реконструкција на самото спојување на линијата со улицата.

- Предвидено е до утре, четврток, до 5 часот наутро да завршат сите градежни работи. Вечерва од 22 часот сообраќајот ќе биде комплетно во прекин додека денеска се одвива по една коловозна лента, наизменично се пропуштаат возилата во двата правци на Илинденска, по мостот Гемиџии за да стигнат на улицата Димитар Влахов или обратно, рече Весна Смилева соработник во одделението за комунални работи на Општина Велес.

Ilindenskapopravka1 fin

Полицијата го регулира сообраќајот за да може непречено да се реализираат градежните работи. Таму ќе остане и ноќеска. Велешани со автомобили наместо по Гемиџии, ноќва,за да стигнат од едната на другата страна на градот преку Вардар, ќе треба да го користат Стар Мост./У.Ј

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/10/2019 година.