Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

LOVGJI3

Од вчера до денеска не е променета состојбата со оваа болест во државата. Според Зоран Атанасов ,директор на Агенцијата за храна и ветеринарство ,антраксот, до вчера го имаше во 22 дистрикти во државата и состојбата е непроменета. Тој одговарајќи на новинарско прашање дали има новозаболени животни или луѓе рече дека можно е да се појават новозаболени животни затоа што станува збор за спори кои остануваат во тлото на почвата.

- Не е исклучена можноста. Јас ќе кажам дека тоа е познато во науката и ние постапуваме. Веќе со децении во такви дистрикти се врши вакцинирање на животните во Северна Република Македонија. Ова населено место, кичевското село Долно Строгмиште, досега не беше дистрикт поточно место каде се преземаат посебни мерки за сузбивање и искоренување на оваа болест со задолжителна вакцинација на животните во наредните 20 години и не беше познато. Меѓутоа селото граничи со повеќе населени места кои што се дистрикти. Затоа досега во селото не се вршела вакцинација но сега се врши, рече Атанасов./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново