Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

angjushev fin

Државата запловува во мирни економски води, буџетот и економијата се стабилизирани, сите макроекономски параметри во државата се фискални, со БДП од 3,1 % и раст од 5,8% на индустриското производство во јули годинава споредено со истиот месец лани а кумулативно 4,9 % за периодот јануари - јули 2019 во споредба со истиот период минатата година, одговори потпретседателот на владата за економски прашања Кочо Анѓушев на новинарско прашање како го оценува измерениот рејтинг на државата од страна на агенциите.

- Значи тоа се едни економски параметри кои рефлектираат стабилна економска политика што ја води оваа Влада и мислам дека со таква стабилна економска политика покажавме дека државата има просперитет. Само да потсетам економијата што ја наследивме беше минус, а од пад на бруто домашниот производ во вториот квартал во 2017 година и континуирано го растеме, изјави Анѓушев.

Потпретседателот на Владата за економски прашања додаде дека бројот на невработени константно опаѓа и сега е на рекордното најниско ниво од 17,5 проценти со над 54 илјади граѓани кои за две години се вработени.

- Она што мене посебно ме радува, според Државниот завод за статистика, е порастот на бруто инвестициите во државата во овој квартал на годината во споредба со истиот период лани, за 11,1 %. Тоа значи дека има инвестиции како во индустријата така и во градежништвото. Ваквите проекти само ќе придонесат и кон раст на градежништвото и кон користење на капиталните инвестиции и од буџетот и надвор од буџетот, рече Анѓушев. /У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново