Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

60godiniMRBKocoRacin fn

„Силно светнал ден“ гласи мотото на акцијашката средба што викендов организирана од ЗГ „Акцијаш ветерани“ се одржа во Велес, по повод јубилејот „60 години од формирањето на Младинската работна бригада „Кочо Рацин“. Во градот пристигнаа акцијаши - ветерани од Триглав до Вардар, поточно 75 поранешни бригадири од Р. Словенија, од Р. Србија и од Р. Босна и Херцеговина како и 45 бригадири, сите ветерани како и 70 млади од Велес и од повеќе градови на Северна Македонија.

Srednoshkolskiinternatznaminja fin

AkcijashipredInternat fin

Akcijashipreceksolebisolfin

Акцијашите, гости, беа сместени во Средношколскиот интернат „Лазар Лазаревски“. Штом стигнаа, во петокот на 11 Октомври, објектот го украсија со бригадирски знамиња, ги пееја најпознатите бригадирски песни, евоцираа спомени, ги броеја освоените ударнички значки и признанија.

VckovKocevskiMagjarov fin

Во саботата, на 12 октомври, на Спомен Костурница се одржа свеченоста и возобновувањето на младинската работна бригада „Кочо Рацин“.

Polaganjesvekevospomenkosturnica2

Polaganjecvekevospomenkosturnica3

Најнапред делегации од бригадирите положија цвеќе и се поклонија пред спомен обележјето на загинатите борци од Велес за време на НОВ во спомен костурницата. 

Потоа на платото на споменикот учесниците на свеченоста беа поздравени од Драган Миладиновски, член на ЗГ „Акцијаш ветерани“ и од Градоначалникот Аце Коцевски. Коцевски во свое и име на Советот на Општина Велес во поздравниот говор на гостите прво им соопшти дека се дојдени во акцијашки, во град на Гемиџиите, на Коста Солев Рацин како и град кој има посебно место во историјата, просветата и културата на Македонија. Поголем дел од своето обраќање сепак градоначалникот го посвети на акцијаштвото, во кое, како што рече, дал личен придонес преку учество на три сојузни и една меѓународна акција.

KocevskiAkcijashi

- Сите ние со задоволство се потсетуваме на убавите спомени од тоа време во кое се дружевме и покрај тоа што работевме, го ширевме во тоа време братството и единството и придонесувавме да се изградат многу патишта, пруги и други објекти од значење за граѓаните на тогашната држава. Социолозите сметаат дека акцијаштвото е еден феномен кој тешко може да се објасни од оваа дистанца. Сепак денес мене ми е многу мило што се возобновува духот на акцијаштвото, ви честитам вам, на сите тука и од општините од Македонија и од другите држави за тоа што го правите. Верувам дека праќаме многу силни пораки до денешните млади генерации. На повозрасните кои тука држат и знамињата тробојки сакам да им порачам дека убавите спомени што ги имаат од некогашна Југославија треба да ги преточат во позитивна енергија за да придонесат нивните држави што побрзо да станат членки на ЕУ па таму сите пак да се најдеме со други правила и принципи и да го промовираат волонтерството како многу важна општествено корисна работа и во денешно време, додаде Коцевски.

MileiMarko fin

Со чинот на примопредавање на знамето на Работната бригада „Кочо Рацин“ од командантот Миле Маџаров на средношколецот Марко Ингилизов, се официјализираше возобновувањето на МРБ „Кочо Рацин“ која ќе функционира во состав на ЗГ „Акцијаш ветерани“ Велес. Тоа со бригадирски извици: „Здраво, здраво, здраво“ го поздравија построените бригадири. 

VeselinkaMagjarovaihor fin

На свеченоста настапи и детскиот црковен хор „Свети Кирил и Методиј“ под диригентство на професор Веселинка Маџарова чии изведени композции ги воодушевија присутните.

Sadenjedrvca fin

Потоа бригадирите, симболично, ги засадија првите пет садници од акцијашката шума на спомен костурницата. Завршувајќи ја оваа акцијашка обврска во бригадирски строј, долг 1,5 км дефилираа по улиците низ градот се до средношколскиот интернат „Лазар Лазаревски“.

Akcijaskakolona1

Akcijaskakolona2

Попатно застанаа да се поклонат и да положат свежо цвеќе пред споменикот на Кочо Рацин во паркот пред гимназијата.

На новинарските екипи им дадоа изјави во кои говореа за причините зошто сакаат да возобновување на старата добро позната традција за личните мотиви што ги поттикнале да му се вратат на движењето кое од денешна временска дистанца можеби е и тешко разбирливо.

NBkraj

- Акцијаштвото преставуваше работа и собирање на тогашната младина, ширење на братството и единството и на културните вредности од различни делови на тогашната држава, Југославија. Тоа што е најважно беше создавањето на работната навика кај младите луѓе за да бидат достојни граѓани на општеството, рече Ненад Бјелош акцијаш ветеран од Панчево во Р. Србија.

ArifSirotanovic fin

- Ние, нашите емоции и патриотизмот кон Југославијa, сега се обидуваме да им го пренесеме на млади луѓе во Босна и Херцеговина, од каде јас доаѓам, но и во останатите држави кои произлегоа како што се Србија, Словенија, Црна Гора и еве сега тука во Македонија, рече Ариф Сиротанович акцијаш ветеран од Бреза.

DelchoKostov fin1

Бригадирот ветеран Делчо Костов  и Сузана Стевановиќ, на врачувањето на Благодарниците на гостите учесници на средбите, со кои тие први остварија контакти и ги покануваа да дојдат во Велес.

Nenad Lauko fin

- Јас се надевам дека в година ќе имаме и ученици, средношколци со кои ќе дојдеме во Македонија а ќе учествуваме и на втората доброволната акција во Нови Пазар, рече акцијашот ветеран Ненад Лауко од Марибор од Р.Словенија.

- Прво што сторив, кога се стигнавме на Спомен костурницата го посетив местото на кое пред 36 години, на славењето на денот на градот, 9 Ноември, се засадени трите дрвца, сега веќе израснати дрвја од видот „липа“. Едно од нив засадив јас како Претседател на Општинската конференција на сојуз на социјалистичка младина на тогашен Титов Велес заедно со мојата колешка, претседателката на младинската организација на Цеље, од Словенија. Се фотографирав пред нив и морам да кажам дека ми вратија многу убави и драги спомени од младоста, рече Јанко Атанасов. 

Најинтересни сепак беа изјавите на младите бригадири од Нови Пазар, кои летово беа дел од Младинската работна акција „Рибариќи 2019“. Тие не биле родени во времето кога акциите се одржуваа во екс Југославија но, раскажуваа дека за тоа младинско движење им раскажувале нивните родители, дедовци и баби.

NoviPazar fin

- И на училиште се зборува за младинските работни акции и затоа ние станавме следбеници на ова како да го наречеме, ако може движење. Многу убави работи се случија на нашата акција летово во Нови Пазар. Освен што го ичистевме од смет и уредивме нашето езеро ние во попладневните часови се дружевме, навечер подготвувавме забави и вечерни излегувања во градот. И на сите ни беше многу убаво, прашајте ги младите од Охрид а и вашите сограѓани Никола Нацев, Чеде Илиев и Драган, тие учествуваа летово на МРА „Рибариќи“. Вгодина, на тие што ќе дојдат на акцијата „Рибариќи 2020“ ќе ни биде уште поубаво, рекоа младите од Нови Пазар.

Mladinsktebrigadi fin

MelaniMarkoMatea fin

Mladiteigraatigri fin

Младите бригадири од Велес се дружеа едно попладне со младите од Нови Пазар, од Охрид, од Скопје и од Куманово. Во училницата на интернатот осмислија креативни игри со натпреварувачки карактер. Дел од нив, попладнето во саботата, го испија првото заедничко кафе во кафетериите во Велес. Разменија телефонски броеви и веќе ја создадоа својата фејсбук група.

Zabava1

Се одржаа и две бригадрски вечерни забави на кои се пееја песни македонски, словенечки, српски но и бригадирски. Најчесто испеана беше бригадирската „ Хеј, хај бригаде“. Се играа и ора, кола и се танцуваше. 

JoseManev fin

Средбата несебично ја помагаше претседателот на Управниот одбор на ЗГ„Акцијаш ветерани“ Јосиф Манев. Тој присуствуваше на втората бригадирска вечер. 

А бригадирите умееја да се забавуваат.

Peatsozurla fin

Tapan fin

Oro fn

Но, сепак свеченоста на Спомен костурница го предизвика најголемото внимание на бригадирите ветерани. Таму, на платото дојдоа повеќе поранешни команданти на велешките младински работни бригади. Меѓусебно се препознаваа со пријателите со кој не се виделе со децении. Боре Манев, Ѓоко Манчев, Славко Мицев, Јордан Камењаров, Миле Маџаров и многу други велешки како легендарниот „Гане лопатарот“ кој прекарот го добил токму заради ударништвото, натфрлените бригадирски норми со лопатата, количката и копачот. Команданти на МРБ „Кочо Рацин“ биле Илија Смлев, Дане Анастов, Димче Најдов и Љупчо Вчков.

GaneBoreFehiGjoko

Фехим Јусовиќ е командантот на МРБ „Кочо Рацин“ која од акција во Фрушка Гора во 1976 година, во Велес, го донесе највисокото сојузно акцијашко признание „Вељко Влаховиќ“. 

- Ни го доделија тоа посебно признание, највисоко во тоа време на сојузните работни акации. Посебно сум горд што го добија одлични деца од Велес и една група на гимназијалци, па и студенти, денеска успешни доктори, инжинери, наставници. Ги гледам сега овие млади луѓе и во нив се препознавам себе си и учениците што јас ги водев во бригадата и на акцијата за која ви зборувам, рече Јусовиќ.

МРБ „Кочо Рацин“ со командантот Љупчо Вчков, сега претседател на ЗГ „Акцијаш ветерани“ по втор пат го има освоено највисокото сојузно признание „Вељко Влаховиќ“ на Сојузната младинска работна акција „Нова Градишка“ во 1981 година.

- Акциите беа училишта за младите, во текот на летото, учеа што е работа и се дружеа меѓу себе. Токму на нив се случија заљубувања и крунисување на љубовта со бракови, рече Боре Манев акцијаш ветеран и командант на МРБ „Тито - титови градови“.

Istoriska2 fn

Istoriska fn

Тие, заедно со останатите ветерани од ЗГ „Акцијаш ветерани“, во исто време, се потсетија дека кога беа млади кога со доброволна работа ги градеа железничките пруги „Брчко - Бановиќи“ и „Шамац - Сараево„ како и автопатот „Братство - Единство“ во тогашната држава, Југославија. Изградија водоводни и одводни мрежи, кејови и хидроцентрали, пошумуваа голини и уредуваа туристички места. Во Македонија несебично се вложија во изградбата на браната на акумулацијата „Стрежево“ , ги изградија 40-те километри на патот Штип - Пљачковица и патот Прилеп - Витолиште, додека во нашиот град го уредуваа туристичкиот локалитет „Бабуна“ и го пошумуваа ридот „Свети Илија“.

Нивните сеќавања беа инспирација за акцијашот ветеран, Слободан Кириќ - Цоро, кој сега живее во Канада, да ја напише и отпее на музика создадена од Ристо Краповски акцијашката песна „Велес - убав, зелен град“ што одекнуваше и ја пееја викендов акцијашите - ветерани во средношколскиот интернат „Лазар Лазаревски“.


Akcijashi1

Меѓународната акцијашка средба „60 години од формирањето на Младинската работна бригада Кочо Рацин“ заврши со доделување на благодарници во саботата, на 12 октомври. За дел од учесниците беше организирана прошетка во неделата, на 13 октомври, на „Езеро Младост“./У.Ј

 

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .