Падната фаза или дефект остави педесетминути без струја улица со детска градинка во Велес
Педесет минути без електрична енергија, попладнево, околу 16.30 часот остана, една страна на улицата „Трајко Панов“ во Велес. Во целосен мрак беа првиот клон на детската градинка „Димче Мирчев“, објектот Дом на НВО и приватни домови на триесеттина велешани.
Мракот во кој останаа децата кај нив предизвика страв иако двете воспитувачки се трудеа со песни и шеги да се надмине морничавата атмосвера во занималната на градинката. Помеѓу 16.30 и 17 часот најголем дел од родителите доаѓаат да ги земат децата, објаснуваа воспитувачките, додека еден дедо гледајќи како објектот е во целосен мрак помислил дека внукот го земал друг член на семејството и заминуваше. Воспитувачката трчаше за да го врати назад и да му го предаде детето.
Дефектот беше пријавен во кол центарот на ЕВН Македонија. Од таму немаа информации дали станува збор за дефект или падната фаза. Рекоа дека веднаш ќе пренесат за телефонската пријава и ќе испратат екипа.
Додека траеше соседската солидарност во пронаоѓање на свеќи за исплашените мали дечиња, згрижени во градинката, за среќа засвети објектот. Електрична енергија добија и соседите.
Денеска исто така без електрична енергија останал и објектот на градинката „Димче Мирчев“ во Велес над централното градско пазариште. Родителите веднаш биле информирани дека струја нема и од нив било побарано да бидат подготвени да си ги земат децата доколку се оддолжи прекинот на електрична енергија./У.Ј