„Резултатите ни се негативни на „Ковид 19“ а нашите сограѓани од нас бегаат како од чума,“ велат дел од тестираните велешани

Објавено на 30 март, 2020 во 18:12

Velesdenjepoliciskicas fin

Сите резултати од тестовите за коронавирус од земените брисеви на велешани, освен на шесттемина, се негативни. Тоа се резултати од брисови што Центарот за јавно здравје ги земал од граѓани на Велес заклучно до 27 март.

– Освен вчерашните тројца заразени како и првите тројца од минатата недела, кои беа позитивни, останатите тестови се негативни. Тоа се резултати на вкупно шеесет сограѓани , кои беа тестирани заклучно со минатиот петок“. Останатите немаат КОВИД-19, рече за Дума.мк директорот на Центарот за јавно здравје Велес, Тони Димитриев.

Станува збор за велешани кои беа поврзани со првите тројца позитивни на инфективното заболување. Вкупниот број на позитивни граѓани изнесува шест во Велес. Двајца од нив развија компликации и се препратени на Инфективната клиника во Скопје. Денеска нивната здравствена состојба е стабилна.

infektivnooddelenie fin

На инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Велес се лекуваат тројца велешани. Тие се стабилни. Една велешанка, иако тест резултатите покажаа дека има „Ковид 19“ , таа нема симптоми и е во домашна изолација.

Дел од граѓаните позитивни на коронавирусот вчера објавија дека имаат позитивни тест резултати, се лекуваат или се во домашна изолација. Тоа создаде бура од реакции на социјалните мрежи, од поддршка до обвинувања. Објавувањето на информацијата дека се вработени во иста фирма им создаде сериозни проблеми на останатите.

-Сите тестирани, се во изолација, заедно со нивните семејства. По објавувањето на информацијата во медиумите не стивнаа телефоните. Но, она што особено не погоди е фактот што од страв соседите бегаат на минување од нашите куќи. Тие што живеат во станови, во згради, раскажуваат како е создадена паника од соседите кои бараат дезинфекции на влезови, скали, ходници ,лифтови итн, рече сопруг на велешанка која е во изолација.

-Се плашиме да не се откажат од нас роднини или пријатели кои досега ни набавуваа храна бидејќи сопругот е во изолација ама морам и јас со децата. Никој од нас не излегол ни на тераса, откако видовме, дека соседите штом забележаа дека спружирам алишта се пикнаа внатре и ме следеа преку завесата што правам. Никој со нас не појави интерес да ни довикне збор два за поддршка, рече сопруга на велешанец кој е во изолација.

VelesdenjepoliciskicasSEMAFORI fin

Овие луѓе побараа да се објави информацијата на што поголем број на медиуми како би влијаела врз свеста на сограѓаните да го променат односот кон нив. Тие искрено посакаа никој во Велес повеќе да не се најде во нивна или во ситуација во која се наоѓаат семејствата на граѓаните кои се лекуваат на инфективното одделение во велешката болница или на Инфективна клиника во Скопје./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.