Тројца новозаболени и еден оздравен од Ковид 19 во Велес

Објавено на 10 јули, 2020 во 15:23

Infektivnooddelenie fin

10.07.2020

Тројцата новозаразени велешани со коронавирус, во изминатите 24 часа, се млади луѓе додека оздравениот е излекуван на Инфективното одделение во Општа болница Велес.

-На инфективното одделение се лекуваат вкупно 15 пациенти и само за еден се чека резултат од тест. Од нив двајца пациенти се на кислородна поддршка додека останатите засега се во стабилна состојба. 11 пациенти се од Велес и 4 се од Горно Јаболчиште. Излекуваниот пациент е испишан односно си замина дома откако стигна вториот негативен резултат, рече портпаролката д-р Весна Николовска Неделкова.

Еден позитивен велешанец има и во затворот „Идризово“ каде издржува казна. Активни се 38 случаи од кои 24 се на домашно лекување.

Од почетокот на епидемијата во Општина Велес се регистрирани вкупно заразени 201 и оздравени 150 сограѓани. Од Ковид 19 починаа 13 лица.

Во вардарски регион во изминатите 24 часа новозаболени има во Свети Николе вкупно 29. Сите се од иста фирма, од конфекцијата „Мода“ како и еден во Кавадарци од компанијата „Дрекселмајер“./У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.