(Обновено) Седум новозаразени и ден без оздравени велешани од Ковид-19
16.10.2020
Новозаразени има попладнево примено и на Инфективно одделение во велешка болница. Состојбата се менува од час во час. Инфективното заболување се шири многу брзо.
– На одделението во моментов се лекуваат вкупно 31 пациент затоа што се примени тројца новозаболени. Сега состојбата изнесува 18 пациенти од Велес, осум од Свети Николе, по двајца од Градско и Неготино и по еден од Кавадарци и од Демир Капија, рече портпаролката на Опшата болница Велес д-р Весна Николовска Неделкова.
Само тројца пациенти чекаат резултат од земен бриз сите останати се потврдено позитивни. Има уште еден нов или вкупно 11 пациенти на кислородна поддршка.
Штотуку објавените податоци на Министерството за здравство потврдија дека освен седумте велешани новозаразени, во изминатите 24 часа, во вардарски регион има и во Кавадарци 9, во Неготино 5 и во Свети Николе 3 лица.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира оздравени пациенти од: Кавадарци 7, од Свети Николе 5 и од Неготино 1./У.Ј
