Седум новозаразени, еден починат и еден оздравен од Ковид-19 во Велес
26.10.2020
Во изминатото деноноќие седум велешани се евидентирани како новозаразени од коронавирусот во Велес. Освен нив, како новоинфицирани се водат само уште двајца граѓани на Кавадарци во дневната статистика на министерството за здравство во вардарски плански регион.
Вирусот беше кобен по животот на педесет и осум годишен жител на село Богомила, свештеник на МПЦ, како и седумдесет и едно годишен жител на Кавадарци. Пациенти се починати во болнички услови.
Денеска евиденцијата на Институтот за јавно здравје во која се регистрира најголем број на оздравени во вториот бран на коронавирусот, вкупно 321 пациенти, има по еден велешанец и неготинец, петмина кавадарчани и четворица пациенти од Свети Николе.
Од почетокот на епидемијата во велешко се заразиле 514 лица додека во моментов активни на вирусот се 155 пациенти.
До 18 часот на Инфективно одделение се лекуваат 43 пациент од кои 32 се потврдено позитивни, 11 се уште непотврдени и од нив 15 се на кислородна поддршка. /У.Ј