Тројца починати велешани, две жени и еден маж, на болничко лекување од ковид-19 во Велес и во Скопје
21.11.2020
Со денеска починатите велешани црниот биланс се искачи на 55 починати велешани од ковид-19. Во оваа бројка влегуваат и тројца денеска починати сограѓани и тоа 88 годишен маж и 71 годишна жена, потврдено позитивни на коронавирус кои починаа во велешка болница додека пациентка од Велес на 62 години почина во Скопје. Таа се лекувала на Клиника „ Жан Митрев“ од 9 ноември годинава.
Денеска во Општа болнива Велес се лекуваат вкупно 74 пациенти.
-Од нив 64 се потврдено позитивни, 4се сомнителни и 6 се негативни додека 28 пациенти се на кислородна поддршка. Од нив на Инфективно одделение се лекуваат 48, на Физикално одделение 18 и на Интерно одделение Б-тракт 8 пациенти, рече портпаролката на болницата др Весна Николовска Неделкова.
Стоилко Андреевски
