Велес уште ја чека Модуларната ковид болница, а недостига и здравствен персонал

Објавено на 3 декември, 2020 во 18:24

BolnicaBagerikopaatzaModularna fin

3.12.2020

Багерите што ја копаат земјата од ридот и камионите што ја изнесуваат од дворот на велешка болница, веднаш над хелиодромот, засега се единствените видливи работи на градежната парцела на која ќе се гради платформа и ќе се поставува Модуларна ковид болница во Велес. Изградбата доцни на избраната локација, познатa меѓу Велешани по името „германски гробишта“.

BolnicaModularnaizgradba2

Хелиодром на ЈЗУ Општа болница Велес

Оваа парцела со површина од 49,20 метри на 14,40 метри беше избрана уште за време на техничката Влада на земјава и требаше да биде готова многу порано, пред да стигне есента и предвидениот втор бран на корона вирус, за да и овозможи на ЈЗУ Општа болница Велес дополнителни 45 легла што со постоечките 54 на Инфективно одделение ќе може да прифати и пружи квалитетни здравствени услуги на вкупно 99 ковид пациентите во општината. Но тоа не се случи.

BolnicaModularna4

Локација позната меѓу велешани како „Германски гробишта“

Градежните работи за поставување на Модуларната болница започнаа пред две недели откако Велес и неговата градска болница го издржаа најголемиот ударен бран на ковид-19 кој го достигна пикот од 80 пациенти или 2,5 пати повеќе во споредба со првиот налет на заразното заболување во општината, од пролетва. Тогаш бројот на болнички ковид пациенти изнесуваше од 20 до 30 додека сега изнесува помеѓу 60 и 80 ковид пациенти.

BolnicaInfektivnoodpozadi

Под земјениот брег зградата на Инфективно одделение во велешка болница

Модуларната ковид болница во Велес ќе се постави веднаш над Инфективно одделение, што во велешкиот болнички комплекс од секогаш било издвоено како засебна целина, засебен објект, поради посебните и карактеристични видови на здравствени услуги што се даваат на пациентите. Иако ќе бидат блиску една до друга,каскадно, поточно ќе ги дели низок земјен брег, модуларната ковид болница и Инфективно одделение, нема да бидат меѓусебно поврзани. На прашањето зошто е тоа така, портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес ни одговори:

BolnicaDrNikolovskaNedelkova1

Др. Весна Николовска Неделкова, портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес

– Такви се засега плановите што не значи дека и нема да се поврзат. Тоа ќе треба да се случи подоцна. Првично според планираните средства за поставување на Модуларната ковид болница во Велес, за чија платформа, довод на електрична енергија, вода и одвод средства обезбеди општината додека Министерството за здравство го обезбеди монтажниот објект, медицинскиот мебел, инвентар и апарати. Најверојатно,првично не е пресметана ставка за топла врска. Сепак менаџерите на велешка болница се надеваат дека Министерството за здравство, финансиски ќе и помогне на болницата и за оваа потреба за да се овозможи меѓусебна поврзаност и подобра функционалност помеѓу двата оддела. Сега приоритетно значајно за јавната здравствена институција е да добие нови 45 легла што заедно со 54 на Инфективно одделение ќе овозможат во ист временски период лекување на 99 ковид пациенти. Ако го земеме во предвид најкритичниот момент, првите две недели на месец ноември, кога максималната пополнетост на легла изнесуваше 80 тогаш можеме да констатираме дека болницата ќе добие дополнителни 19 легла. Според прогнозите реално и ќе бидат потребни со оглед на најавата за можен трет бран на епидемијата. Во претходно посочениот, најкритичен момент, ковид пациентите се лекуваа на Инфективно и на Одделението за физикална медицина и рехабилитација, рече др Весна Николовска Неделкова.

BolnicavlezkapijasoFizikalnoicrkva

Влез во Општа болница Велес, десно зградата на чиј кат се наоѓа Одделението за физикална медицина и рехабилитација

И сега велешка болница користи два болнички оддели со вкупен капацитет од 78 легла за лекување на ковид пациенти што меѓусебно се разделени. Одделението за физикална медицина и рехабилитација се наоѓа на влезот во болницата додека Инфективно одделение на горниот крај во медицинскиот комплекс. Во нив, „ очи во очи“, битката со невидливиот убиец ја водат вкупно три лекари инфектолози, една кожна лекарка, доброволец кардиолог што дежура иако е вработен во приватна здравствена установа, четворица интернисти и две лекарки по општа пракса кои чекаат специјализација како и седум општи лекари специјализанти од повеќе медицински гранки заедно со 42 медицински сестри и техничари.

Дали и кога велешката болница ќе добие нови 14 медицински сестри?

Од постоечкиот персонал составен од инфектолози и интернисти, не се сите специјализанти, бидејќи има и дел кој не се одзваа на повикот на министерството за помош иако болницата поточно велешани им ја плаќаат специјализацијата како и општите лекари кои чекаат специјализација, како и еден кардиолог доброволец со средностручните здравствени работници се дел од Инфективно и Физикално одделение. Доколку ова се знае ја прашавме портпаролката на јавната здравствена установа кој тогаш ќе работи во Модуларната ковид болница, штом таа ќе треба да нуди услуги за дополнителни 45 легла, со централен довод на кислород , посебна амбуланта, соба за интензивна нега, лабораторија како и ренген за снимања на ковид пациентите.

BolnicaDrVesnaNikolovskaNedelkovapokazuvasoraka

Др. Весна Николовска Неделкова,пред централната зграда на ЈЗУ Општа болница Велес

– Болницата има пријавена итна потреба на 14 медицински сестри. Со нивно вработување ќе се зголеми бројот на средностручен медицински персонал кој со 30 медицински сестри на Ифективно како и останатиот здравствен персонал кој болницата го има на располагање и го ротира ќе ја опслужуваат и Модуларната болница. Секако дека првично ќе помагаат лекарите, специјалисти освен тројцата инфектолози исто така и интернистите заедно со специјализантите и општите лекари што чекаат на специјализација. На вработените здравствени работници воопшто не им е лесно, особено на оние што се ангажирани од почетокот на епидемијата. Со секој инфициран лекар или медицинска сестра, техничар, хигиеничар, ренген техничар, технички персонал двојно се зголемува работата на заменските здравствени работници. Затоа апелираме до граѓаните да носат заштитни маски, да седат дома, да ги намалат контактите на најнеопходни, редовно да мијат раце и да употребуваат дезинфекциони средства. Само така ќе ни помогнат. Што помалку ковид пациенти значи и се помала опасност од инфекција на здравствениот персонал. Ние и сега имаме колеги на домашно лекување или во изолација па затоа дежураме секој трет ден , вели др Николовска Неделкова.

Со десеткуван број на лекари и на средно стручен медицински персонал од веќе посочениот, погоре, на Инфективно во Општа болница Велес од почетокот на месец март до 25 ноември, годинава се лекувале вкупно 480 позитивни ковид пациенти. Од нив 38 починаа во болницата. Двајца од нив беа непотвдени. Починатите се 27 мажи и 11 жени во Велес. Најмладата беше пациентка од село Бузалково на возраст од 32 години а највозрасниот маж на 89 години од Велес.

Освен терапиите, неопходна е и добра психолошка подготвеност

Првата потврдена пациентка во Велес, што се лекуваше на Инфективно одделение беше Љубинка Попова. Педесет и шест годишната жена во болница беше примена заедно со уште двајца нејзини колеги од јавно претпријатие. Подоцна на Инфективно заврши и нејзиниот сопруг. Тој и колегите многу потешко се справија со болеста. За жал еден од колегите почина. Попова во битката со вирусот излезе како победник.

LjubinkaPopova fin

Љубинка Попова првата заболена и излекувана пациентка од Ковид-19 во Велес

-Во болница отидов со скршена подлактица и по пет дена, колку што беа потребни да го добијам резултатот од тестот. Таму заминав откако ги организирав тестирањата на сите вработени, ја извршивме неопходната дезинфекција на управната зграда, на помошните објекти, на сите возила за што особено им благодарам на Центарот за јавно здравје Велес и ставивме клуч на влезните врати. Никој од вработените на Инфективно не дозна дека претходно, дома, при дезинфекција на бањата се лизнав, паднав и ја скршив раката. Додека се лекував, примав инфузии, повредената раката со здобиена скршеница ја држев на перница и не побарав помош. Болките ги поднесов, не побарав да бидам снимена на ренген затоа што знаев дека можеби ќе инфицирам здравствен работник. Јас и колегите се заразивме на 12 март, годинава, кога сеуште само читавме информации за опасната зараза во Вухан а потоа и во Италија, вели Попова.

Според неа, најверојатно преносот на вирусот се случил на службен состанок каде освен присутните, доаѓале и странки по документи.

Infektivno sluzbenvlez

Службен влез во зграда на Инфективно одделение во Општа Болница Велес

,,Потоа во ист момент симптомите се појавија кај пет вработени. Никој од нив не знаеше кој е прв. Јас од симтомите имав само изгубен осет за мирис и вкус. Резултатот од земениот брис покажаа дека сум позитивна. Со него всушност сфатив и јас и колегите дека меѓу себе сме си го пренеле вирусот, затоа што е многу вирулентен во воздухот, на состаноци или при возење во службените возила. Подоцна како претпријатие веќе добивме и инструкции за заедно да не се возиме во службени возила, инжинери, техничари, возачи но за нас тоа беше доцна. Ќе додадам дека кога ние влеговме за прием, Инфективно одделение и медицинскиот персонал во велешка болница веќе беше подготвено да се справи со заразата а јас во ниту еден момент не дозволив да ме фати паника или страв за што мислам дека најмногу ми помогна да се излекувам, рече Попова.

Infektivnovleznavrata fin

Стакла со упатства и препораки за Ковид-19 на влезна врата на Инфективно одделение

Инаку Попова е подготвена да даде крвна плазма за потребите од лекување на ковид заболени. Вели дека е достапна за сите на кои им е потребна ваква или помош во поддршка. Советувајќи дека психолошката подготвеност на заболените е еден од клучните фактори болеста поскоро да се преброди, Попова, раскажа и за негата што ја добила од професионално подготвениот и опремен здравствен персонал но и за самопомошта што меѓу себе, еден на друг, што си ја давале болничките ковид пациенти.

Брзите резултатите од ковид тестирањата се еднакво важни како и слободното болничко легло

Centarzajavnozdravje1laboratorija

ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес – Микробиолошка лабораторија

Попова не е единствената пациентка што пет дена чекала резултат од земен ковид брис. Во вардарски регион, составен од девет општини, Свети Николе, Лозово, Велес, Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија, но и надополнет со Гевгелија, земањето на брисови го врши ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес. Ако просечно дневно, двајцата вработени епидемиолози и уште неколкумина техничари, успевале да земат по 30 брисови тогаш од март до 25 ноември, годинава треба да се земени 5595 брисови. Оваа новинарска проценка можеби и не е целосна, но точната бројка ја нема ниту Епидемиолошката служба во велешкиот Центар за јавно здравје, каде поради недостатоци во работата и не водење на епидемиолошките анкетни листови на заразените ковид пациенти од страна на Министерството за здравство беше сменет в.д директор Тони Димитриев. Исто така треба да се соопшти дека вкупната бројка на земени брисови не е само од граѓани кои живеат во овој регион туку од цела држава затоа што термините за земање на брис ги закажуваат матичните лекари од сите градови според покажан број на слободни места преку Мој термин.

Брисови се собираат во Велес и се носат за Скопје

CentarzajavnozdravjeMikrobioloskalaboratorija

Апарат во Микробиолошка лабораторија на ЈЗУ Центар за јавно здравје

Но, земените брисови не се работат во Велес. И покрај Микробиолошката лабораторија велешкиот Центар за јавно здравје само ги собира брисовите и ги носи на анализа во Институтот за јавно здравје во Скопје. На прашањето има ли доволно простор, квалификувани здравствени работници и медицински апарати во Микробиолошката лабораторија во велешкиот центар за изработка на ковид тестови в.д директорката рече:

-Квалификуван здравствен персонал и простор има. Недостасуваат два медицински апарати кои би овозможиле двосменска работа и изработка на шеесеттина резултати дневно со што би се скратило времето на чекање на сомнителните или пак на позитивните ковид пациенти. Од денот на моето именување за в.д директор на Центар за јавно здравје Велес, јас во повеќе наврати се обидов да ги обезбедам потребните финансиски средства за набавка на овие два автоматизирани медицински апарати, Екстрактор и ПЦР. До денеска моите обиди не се успешни па дури и преку мобилизирање на бизнис заедницата од чии донации сметав дека можеби би можеле да се набават. Тие се скапи, двата чинат околу 3 до 4 милиони денари. Сепак со нивно ставање во употреба би се подигнал квалитетот на здравствената услуга на јавната здравствена институција, особено во ковид епидемија, преку скратување на времето за добивање на резултатите што е особено важно за заболените граѓани како во поглед на навремена дијагностика така и за нивна хоспитализација, вели за ПИНА в.д директорката Анастасија Иванова.

AnastasijaIvanova fin

Др. Анастасија Иванова специјалист по микробиологија и в.д директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес

Таа објаснува дека овие два апарати се софистицирани и автоматизирани што значи дека сега би биле ставени во функција за најпотребните ковид анализи додека по завршувањето на епидемијата за изработка на вирулошки тестови како хепатити А,Б,Ц,Д и Г, за анализи и резултати од ХИВ, ХПВ, Херпес, Цитомегало, респираторни инфекции како грип инфлуенци А,Б потоа за испитување на стрептококи, на пнеумонии и уште најмалку десеттина други видови на микробиолошки анализи.

-Од аспект на менаџер јас ја гледам и другата страна поточно и генерирање на приход на Центар за јавно здравје. Секако тоа не значи дека се би плаќале пациентите. Најголем дел од извршените анализите би ги правеле преку Фондот за здравство но би постоела и опција за здравствени услуги што Центарот би ги ставал на располагање со наплата, додава таа.

Др.Иванова се надева дека двата многу потребни апарати можат да се обезбедат и преку донатори од странство за што е потребно да се доработи проектот што сама почнала да го пишува и со него да се аплицира пред се во Амбасадата на Јапонија но и кај други познати и докажани пријатели на македонскиот здравствен систем.

Centarzajavnozdravje Virusoloskiaparati

Автоматизирани Екстрактор и ПЦР медицински апарати за вирусолошки анализи и за ковид-19

Ако ги има, сега во екот на пандемијата Центарот би работел и за потребите на велешката болница и за болниците во регионот како за пациенти така и на скрининзи на здравствениот персонал. Нивниот број не е мал. Деновиве само во Велес, кога ковидот генерира нови од 60 до 80 заразени пациенти, исто така само во велешка болница со 300 вработени има инфицирано 28 лекари, сестри, административни работници и фармацефт додека во изолација се 12 лекари, сестри, фармацевтски и ренген техничари. Тоа во проценти значи 13,5 отсто од вработените.

Сепак општиот впечаток е дека пред третиот, најавуван ковид бран, како целото внимание да е насочено кон Модуларната ковид болница што заедно со Инфективно одделение ќе треба да понудат поголема функционалност од една и од друга страна ќе треба да го растоварат останатиот дел на болничкиот комплекс, особено Б – тракт на Интерно одделение каде сега се лекуваат ковид пациенти со негативни тестови но сеуште имаат потреба од здравствени болнички услуги, како и Оделението за физикална медицина на кое здравствени услуги добиваат полесните форми на ковид болни пациенти.

Ковид-19 им го скрати правото на специјалистичко лекување на останатите граѓани

Kovodkombevobolnica

Пациенти чекаат за снимања во Општа болница Велес и создаваат простор за минење на ковид возилото на Итна медицинска помош

Но, право на здравствена услуга треба да имаат и останатите пациенти, оние што поради коронавирусот, се чувствуваат занемарени а боледуваат од интерни па и друг вид на заболувања и засега ограничено, ги добиваат. За итните случаи велешка болница ги отвора вратите на останатите одделенија како Интерно, Детско, Гинекологија и Акушерство, Нервно со Невропсихијатрија, Очно и ушно, Детско одделение и особено Одделението за хирушки болести во чии болничките операциони сали специјалистите хирурзи, ортопеди,анестезиолози па и операционите сали во кои оперираат гинеколозите се оперираат пациенти и без ковид тест резултат иако на пример тие, здравствените работници, мора да имаат негативен резултат од тест исто како и операционите сали. Погледнато од страната на пациентите ова не е доволно.

Убавка Јаневска

Сторијата е изработена како дел од Програмата за жени новинарки, проект кој го спроведува ПИНА со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината е единствена одговорност на ПИНА и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด