Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

download 1

22.02.2021

Прехрамбено – технолошки центар за развој на иновативни продукти (ПТЦ) е формиран преку Грантовата шема за иновативни проекти, а во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ (повик 2020 год.), поддржан од Министерство за локална самоуправа и Швајцарска агенција за развој и соработка.

Овој Центар претставува долгорочен стратешки инструмент за поддршка на регионалниот економски развој и конкурентноста во Вардарскиот плански регион преку продлабочување на соработката помеѓу бизнис заеницата од прехранбениот сектор и академската институција, односно Технолошко-техничкиот факултет (ТТФ), единица при универзитетот „Св. Климент Охридски“ лоцирана во Велес. Притоа, Центарот има улога на партнер за компаниите во процесот на развојот на иновативни продукти и/или подобрување на постоечките производи и технологии. Услугите на Центарот ќе бидат достапни и за заинтересираните дипломирани и актуелни студенти на сите три циклуси студии, кои се мотивирани да ги подобрат своите стручни перформанси и претприемачки потенцијал со цел да започнат сопствен бизнис.

Во рамките на проектот набавена е лабораториска опрема со цел да се докомплетира лабораториската инфраструктура на Факултетот за анализирање на суровини и прехранбени намирници, и тоа:

- автоматизирана опрема за определување на протеини по Kjeldahl
- автоматизирана опрема за определување на масти по Soxlet
- инструмент за определување на активитет на вода (aw)

Центарот ги нуди следниве услуги за компаниите и младите претприемачи:
- Стручни совети и спроведување на истражување во развојот на иновативни производи на партнерите од бизнис секторот со посебен фокус на прехранбениот сектор
- Лабораториски анализи на суровини и прехранбени производи
- Право на користење на сала за состаноци, компјутерска лабораторија, просторија за одржување презентации и обуки, кои се во сопственост на факултетот
- Стручна помош при подготовка на проектни апликации
- Совети во секојдневната пракса поврзани со имплементацијата на иновативната технологија или продукт во претпијатието
- Обуки и тренинзи за зајакнување на капацитетите за развој на иновативни производи
- Менторирање од страна на стручни лица, претприемачи и консултанти
- Поврзување со клиенти
- Промоција на производи
- Организирање настани за вмрежување и интернационализација.

Мултидисциплинарниот професорски тим на ТТФ (составен од технолози, хемичари, биолози, доктори на медицински, земјоделски и технички науки, информатичари, економисти) стручно е насочен кон процесно-технолошките аспекти на производството на храна, и тоа во согласност со барањата на современиот потрошувач и новите сознанија во технологијата и науката за храна и исхрана. Поради тоа, канализирањето на оваа експертиза кон бизнис секторот овозможува нов пристап во правец на креирање, производство и промоција на различни видови на функционална и нова храна, храна за посебни нутритивни потреби, додатоци на исхрана и слични производи, следејќи го концептот на минимално процесирана храна и зачувување на биоактивните карактеристики на суровините. На овој начин се очекува зголемена понуда на нови прехранбени продукти со оптимизиран нутритивен квалитет на пазарот или нова понуда на храна за популациони групи со специфични нутритивни потреби (на пр. диабетичари, лица со интолеранција на одредена храна).

Прехрамбено – технолошки центар за развој на иновативни продукти ќе се отвори во вторник на 23 февруари 2021 година.

Убавка Јаневска

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

SInalco PES 2021 web Baner 300x250 Duma

Х Фактор Акцелератор ја најавува својата нова Инвестициска програма и инвестиции до 100.000 Евра

 

Најактивниот акцелератор во Македонија Х Фактор Акцелератор ја најавува својата нова Инвестициска програма и инвестиции до 100.000 Евра во стартап фирми и дополнителна техничка поддршка, менторство и пристап до компании. Повикот е отворен за пријавување до 15ти Март, со вкупен буџет за инвестиции од 300.000 Евра кои ќе се инвестираат во 3-5 компании.

X Фактор Акцелератор е првиот од трите акцелератори поддржани од ФИТР преку Светска банка, кој во изминатата година реализираше две инвестиции во вкупен износ од 200.000 евра во стартап – тимовите на Матриошка и Vision Dynamix.

Оваа година и покрај предизвиците на корона кризата - X Фактор Акцелератор продолжува да креира средина која го стимулира и поттикнува развојот на новите бизниси преку поддршка на растот за регионална/глобална експанзија.

Кои критериуми треба да ги исполнат стартапите за да аплицираат на повикот?

Што бараме од компаниите како услов за влез во Инвестициската програма:

  • Оформен, искусен и посветен тим,
  • Оформен производ кој е во фаза на пазарна валидација,
  • Продажба на први клиенти,
  • Компанијата да е регистрирана во Р.С.Македонија, со најмалку 51% Македонска сопственост.

Оваа година фокусот е на иновативни решенија од било која дејност, со глобален потенцијал на раст.

 

Што добиваат стартапите во рамки на Инвестициската програма?

Оваа програма има за цел да ги донесе компаниите што побрзо до инвестиција и нови пазари. За таа цел X Фактор Акцелератор ќе започне со преговори за инвестирање и менторска поддршка со 5 до 10 од аплицираните компании преку:

  1. Специјализирана менторска програма спроведена од нашиот тим, како и од искусни ментори од партнерските организации: ФИТР, World Bank, SwissEP, Startup Macedonia, Senior Experts Program.
  2. Покрај експертската помош, акцент ќе ставиме на валидација на постоечките решенија и бизнис модели за пристап до локалните и интернационалните пазари со искусните тимови на нашите корпоративни партнери како Oracle for startups и други локални и глобални корпорации.
  3. Техничка поддршка за компаниите преку унапредување на нивната маркетинг стратегија, дигитално присуство и развој на бренд со тимот на Monday дигитална агенција, дополнителен развој и/или валидација на софтверски решенија со екпертска поддршка на ИТ професионалци од SkillUp Academy и пристап до нови пазари преку 36 Chambers.

Најважниот ресурс кој го добиваат стартапите за време на програмата, освен финансииите е целокупната поддршка за вмрежување и зголемување на видливоста на бизнисите.

Акцелераторот овозможува размена на знаења и искуства помеѓу самите претприемачи, од каде што има огромен потенцијал за произлегување на голем број нови партнерства.

  

Каков е процесот на апликација?

  1. 18.02 Изјавување на Интерес: Апликациите се одвиваат преку нашиот вебсајт со испраќање на краток опис на бизнис идејата со пополнување и прикачување на апликациска форма во коja се објаснува бизнисот,
  2. 09.03 Ask me Anything: Сесија во живо за да праша публиката сѐ што ги интересира;
  3. 15.03 Евалуација: Апликациите кои од страна на Комитетот за евалуација на проекти ќе се оценат дека се најиновативни и имаат потенцијал за раст ќе се квалификуваат за влез во следната фаза;
  4. 20.03 Валидација: Во оваа фаза селектираните тимови треба да поднесат дополнителни документи Pitchdeck, Финансиски проекции, CaseStudy со кои би се потврдиле првичните бизнис концепти и презентирање пред Евалуациониот Комитет;
  5. 01.04 Преговори и Менторство: Вклучување на 5-10 компании во 8 неделна Инвестициона програма и подготовка на компанијата за инвестиција преку, менторство, експертска поддршка, состаноци со потенцијални клиенти и партнери како и преставување на локални и регионални настани. Во текот на програмата тимот на X Фактор Акцелератор ќе го отпочне процесот на Due diligence со тимовите;
  6. 01.06 Демо ден: Стартапите презентираат пред Инвестицискиот одбор и мрежата на партнери, корпорации и инвеститори кои ќе ги одберат компаниите со кои ќе се започнат финалните преговори за инвестиција;
  7. 01.07 Потпишување на Инвестиционен договор: Финализирање на преговарачкиот процес и потпишување договори за инвестиција.

Што да очекувам од X Фактор Акцелератор?

X Фактор Акцелератор има за цел да направи инвестиција во период од 4-6 месеци од аплицирање во програмата во износ од 30.000 до 100.000 евра по компанија, зависно од фазата на развој. X Фактор Акцелераторот има за цел да стане малцински содружник, со процентуален удел во компанијата кој е предмет на преговори. Претставник на акцелераторот ќе добие место во бордот на директори и континуирано ќе помага во донесување на стратешки одлуки и поврзување на компанијата со потенцијални партнери, клиенти и интернационални инвестициони фондови.

 

Овогодинешниот повик официјално е започнат и вашите апликации ги очекуваме до 15ти Март 2021 година преку веб страната на Х Фактор Акцелератор: http://xfacc.mk/

Одговорно лице за контакт: Јозефина Симитчиева 078 377 504

 
   
   
   
   

Најново