Градскиот фудбалски стадион „Зоран Паунов“ е реконструиран
11.03.2021
Реконструирани се трибините за домашните и гостинските гледачи, внатрешниот дел на објектот на соблекувалните, дел од фасадата, целиот кровен покривач и кровната конструкција на Градски стадион „Зоран Паунов“. Обезбедена е топла вода со болјер од 500 литри за потребите на фудбалерите кои ги користат соблекувалните, обезбедена е вода за градскиот фудбалски стадион и други пропатни работи. Денеска на симболичен начин беше означен крајот на проектот за реконструкција финансирана од Агенцијата за млади и спорт во вкупна вредност од над 12 200 000 илјади денари.
-Би сакал во име на Советот на Општина Велес, во мое име и во име на граѓаните и граѓанките особено во име на спортистите и спортиските кои ќе ги користат услугите на градскиот фудбалски стадион да упатам искрена и топла благодарност до Агенцијата за млади и спорт, за тоа што го препозна овој проект како важен и го финансираше во изминатиот период. Агенцијата за млади и спорт и до сега во многу наврати ни помагаше, верувам дека нашата соработка и особено поддршката што ја очекуваме нема да изостане и во наредниот период. Пред малку со директорот Наумче Мојсоски разоваравме за да најдеме сили и можности да го реконструираме тартенот односно тартарската патека за да може да се организираат и атлетски трки, затоа што се ретки стадионите во нашата земја кои имаат атлетски патеки, рече градоначалникот Аце Коцевски.
Тој додаде дека со Мојсоски ќе разговараат и за можностите за реконструкциија и во спортката сала „Гемиџии“, за Велес да не го пропушти предлогот да биде домаќин на значаен одбојкарски настан на кои покрај нашата национална одбојкарска репрезентација ќе учествуваат и три други репрезентации како и за почетокот на работите за затворениот Мал школски пливачки базен, што треба да биде лоциран во близината на отворениот пливачки базент во Велес.
Според Коцевски се чека само да заврши постапката за усвојување на новиот Детален урбанистички план за да започне изградбата на затворенот училишен пливачки базент.
– Би сакал да упатам особена благодарност и до Фудбалската федерација на Македонија за досегашната поддршка за реконструкцијата на теренот на фудбалскиот стадион и за обезбедувањето на столчињата, Општината инвестирашр во бетонските работи додека, 2.300 столчиња обезбеди Фудбалската федерација и на тој начин обезбедивме добри услови за гледачите. Очекувам од Фудбалската федерација помош за реконструкција на помошното фудбалско игралиште, со што ќе ги подобриме условите за спортување во нашиот град.
Со реконструкција на фудбалскиот стадион на фудбалските трибини сега има помалиот дел на кои околу 1 500 љубители ќе можат да стојат и да навиваат.
-Секако задоволство е на Агенцијата за млади и спорт да биде дел од една ваква соработка и се надевам дека како што спомна и градоначалникот ќе продолжиме со одличната соработка. Мислам дека на ред би дошол базентот кој е предвиден од наша страна што Општина Велес ќе го добие. Општината заслужува да добие школски затворен базент. Се надевам дека фудбалскиот клуб „Борец“ ќе продолжи со одличните игри, како што до сега ги имаше и се надевам дека како што разговаравме и со пратеникот нема да испаден во втората лига. Мислам дека овој терен заслужува да има прволигашки статус и секако овој терен спаѓа сега во помодерните стадиони кои спаѓаат во помодерна категорија според нашата Фудбалска федерација. Ја поздравувам фирмата „Делта Пром“ од Велес која е најзаслужна за вака одличниот изглед и се надевам дека со наш труд и наша соработка заедно ќе продолжиме да го градиме овој комплекс. И како директор на Агенцијата за млади и спорт стојам на располагање, бидејќи моите први почетоци во ракометот биле на овој стадион на кој беше организирана „Спортска гимназија“ на која пак го освоив првото место. Се надевам дека Велес како спортски град ќе продолжи да живее за спортот и секако со самата тартар патека која е наменета за ателетичарите, што за брзо време ќе биде реконструирана, ќе му на Велес државно атлетско првенство, рече директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсоски.
Тој додаде дека се разгледува можноста за реконструкција и на оградниот ѕид на стадионот како и поставување на нова подвижна ограда што ги одделува трибините од спортскиот терен.
Мојсоски заедно со пратениците Ненад Коциќ и Игор Здравковски, претседателот на Советот Кирил Гајдов, потпретседателот на ФФМ Лазар Ракиџиев, велешките спортски легенди како Панче Ќумбев и в.д директорот на ЈП „Парк спорт и паркинзи“ Љупче Иванов заминаа во разгледување на спортската сала „Гемиџии“.
Убавка Јаневска