Кајакарот Спасиќ втор во Европа
Македонскиот репрезентативец во кајак на диви води Љубомир Спасиќ и член на Кајак Кану Клубот Арка-Борец настапи на последните две кола од Европските купови кој се одржаа во Р Чешка.
Спасиќ пред последните и финални натпревари во Чешка во текот на оваа година настапи и на прво и второ коло од Европските купови каде што блескаше со своите резултати.
Во првото коло од Европскиот куп тој го освои сребрениот медал додека на вториот Европски куп се пласираше во А-финалето и го освои 9-то место и со овие два натпреваи успеа да се најде на 2-то место во Европа на Рангот од Европските купови.
Со настапот во Чешка на финалните два натпревари од Европските купови Љубомир Спасиќ успешно ги заокружи со постигнување на одлични резултати.
По настапот на третото коло од Европскиот куп по првото возење се пласираше на 23то место што го одведе во Б-финале каде што заврши како 13-то пласиран од 64 натпреварувачи.
Додека на финалето од Европските купови Љубомир Спасиќ го подобри својот пласман,тој во своето прво возење се пласираше на 21-то место со што успеа да се најде во Б-Финалето каде што заврши на 10-то место од 45 натпреварувачи.
Со овие настапи Љубомир Спасиќ ја потврди три годишната доминација во Европа и успеа да се најде повторно како и во 2016 година помеѓу првите пет натпреварувачи на конечната Европска ранг листа.
Спасиќ се подготвува и за настапот на својот последен натпревар за оваа сезона надвор од рамките на нашата држава Светското првенство во Франција кое ќе се одржи на крајот на септември./У.Ј